петок , 22 септември 2017
грозје-утрин

Дождот ја прекина бербата на грозјето во Тиквешко

грозје-утрин
Интензивните врнежи од дожд во последните два дена ја прекинаа бербата на грозје во Тиквешко. Претседателот на регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија од Кавадарци, Љупчо Аризанов, потврди дека поради големата влажност во почвата, гроздоберот е одложен за неколку дена.

– Наредните денови нема да може да се влезе во нивите во најголемиот лозарски регион во државата. Некои од лозарите можно е да се соочат и со намалување на шеќерноста на грозјето или пак со пукање на гроздовите зрна. Вториов проблем би го имале лозаропроизводителите чиј род претходно не бил соодветно третиран со средства за заштита, рече Аризанов.

Тој информираше дека уште само околу 5 проценти од грозјето во Тиквешијата стои на виновите лози. Необраните количини се главно од сортата “смедеревка”, најзастапената бела винска сорта на грозје во регионот.

Нагласи дека годинешниот род на лозјата беше проценет на околу 180 милиони килограми винско грозје.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …