понеделник , 25 септември 2017
Petar Risteski

Др. Петар Ристески именуван за директор во Општа болница “Борка Талески” – Прилеп

Petar Risteski
Др. Петар Ристески досегашен директор на ЈУ “Здравствен дом” Прилеп денес е именуван за директор на Општа болница “Борка Талески” – Прилеп на местото од  Др. Илија Богатиноски кој што ви изминатите неколку години беше прв човек во прилепската болница.

Според наши информации на испразнетото место Др. Ристески во ЈУ “Здравствен дом” – Прилеп за директор ќе биде именуван Бошко Талески, раководител на секторот за администрирање со даноци при ЛС на Општина Прилеп и секретар на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Во текот на оваа или наредната недела се очекуваат уште две смени на директорските позиции во градот и тоа во старскиот дом “Киро Крстески-Платник” – Прилеп и во Агенцијата за вработување во Прилеп.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …