понеделник , 25 септември 2017
dragana

Драгана Букилица ќе раководи со Централниот изборен штаб на Коалицијата за Промени и Правда

Коалицијата за Промени и Правда (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО-РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА), вчера вечер одржаа средба на која го формираа Централниот изборен штаб, со кој ќе раководи Драгана Букилица.
Договорено е да се забрзаат сите активности околу претстојните избори и да започне постапката за предлагање на кандидати за пратеници.
Коалицијата за Промени и Правда ја утврди и Предлог -изборна програма која ќе биде презентирана на граѓаните во текот на изборната кампања, во која приоритет се дава на економскиот развој и стандардот на граѓаните.
Во врска со окрупнувањето на Коалицијата со други партии, остануваме отворени за соработка но на принципиелни програмски определби: Промена на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, системски промени и одговорност за креаторите на кризата, силна борба против корупцијата и долгорочна стабилизација на државата.
Коалицијата за Промени и Правда се определи за позитивна предизборна кампања и ќе даде свој придонес кон создавање на услови за фер, демократски и кредибилни избори.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …