вторник , 26 септември 2017
drogba

Дрогба казнет за одбивањето да игра

Напаѓачот на Монтреал Импакт, ветеранот Дидие Дрогба е финансиски казнет по одбивањето да игра за неговиот тим минатиот викенд.

38-годишниот поранешен репрезентативец на Брегот на Слонова Коска, не играше против Торонто, а менаџерот Мауро Биело по натпреварот изјави дека тој не прифатил „место на клупата“. МЛС, американската професионална лига го казни со необјавена сума за овој пропуст.

Дрогба, кој замина од Челси во јули 2015 година, беше користен како замена во два од претходните четири натпревари на Импакт. Тој има постигнато 10 гола во 21 настапи оваа година.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …