вторник , 26 септември 2017
trizla

Дрвокрадци ја нападнаа шумската полиција во Прилеп, има и повредени

trizla
Околу 18 часот во ромската населба Тризла во Прилеп, нападнати се припадници на шумската полиција. Според информациите кои што ги добивме од местото, настанот се случил во близина на џамијата во изградба.

Еден од припадниците на шумската полиција е со потешки повреди, фрактура на черепот, а останатите тројца се со полесни повреди по телото. Дрвокрадците успеале да го демолираат и возилото со кое што била шумската полиција.

Увидната екипа од полиција е излезена на терен и врши увид на местото на настанот. Во изминатите 6 месеци ова е втор случај шумската полиција да биде нападната од страна на дрвокрадци.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …