петок , 22 септември 2017
Aleksandar-G-orgiev

Државата продава пет детски одморалишта за да развива туризам

Aleksandar-G-orgievДржавата ги понуди на продажба детските одморалишта „Малешево“ во Берово, „Суви Лаки“ во Струмица, „Ѓуриште“ во Свети Николе, „Николиќ“ во Дојран и „Пелистер“ во Битола.

– Сите овие места во минатото, поради својата местоположба и опкружување, претставувале значајни туристички капацитети. Со определена инвестиција од приватниот сектор, повторно би можеле да станат профитабилни места за самите компании, кои потенцијално би ги стопанисувале во идниот период, но се разбира ќе има значаен придонес и за локалниот економски развој и за отворање нови работни места – изјави портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев.

За овие објекти, идните сопственици дополнително можат да ги искористат и поволностите од ИПАРД-програмата, со што се кофинансираат половина од прифатливите трошоци за уредување на просторот.

Огласот ќе трае до 30 октомври, а најповолните понуди ќе се изберат на електронско јавно наддавање.

 

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …