понеделник , 25 септември 2017
KTB-540x320

Државниот Омански фонд поднесе барање за арбитража против Бугарија за банкротот на КТБ

KTB-540x320
Најголемиот државен инвестициски фонд на Оман поднесе барање пред арбитражен суд против Бугарија заради крахот на Корпоративна трговска банка (КТБ), јавија британските медиуми, повикувајќи се на онлајн базата на податоци на Меѓународниот центар за надминување на инвестициските спорови од Вашингтон.

Фондот на генералните државни резерви на Султанатот Оман поседуваше 30 проценти од КТБ, која беше четвртиот најголем кредитор во Бугарија, пред да банкротира во 2014 година.

Овој банкрот ја предизвика најголемата финансиска криза во оваа балканска земја од 90-те години на минатиот век до сега. На Софија и се наложи да плати 3,6 милијарди лева, за да го покрие вкупниот износ на гарантираните депозити.

Фондот инсистира да добие најмалку 150 милиони евра, за британските медиуми изјави адвокат запознат со случајот.

-Оманскиот фонд тврди дека Бугарија ги прекршила клучните принципи за еднаков третман и заштита на инвеститорите во начинот на кој го спровела банкротот на КТБ, рече адвокатот.

Конзорциум од инвеститори, меѓу кои и Оманскиот фонд, минатиот октомври даде предлог за спасување на банката, но еден месец подоцна Бугарската народна банка и ја одзеде лиценцата на КТБ и на тој начин не и остави никакви шанси да се спаси.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …