сабота , 21 октомври 2017
FCP_0829

Државните органи и министерствата ќе се претплатат на списанието „Лице в лице“

Неповратни средства во висина до 615.000 денари ќе се доделуваат за поддршка на претпријатија и граѓански организации со примарна дејност во областа на социјалното претрпиемништво, како што е предвидено за прв пат во Ревидираниот оперативен план за активни програми за мерки за вработување за 2017 година.

Предвидена е и пилот мерка за поддршка во креирање на нови работни места во граѓански организации, каде ќе се доделуваат грантови во опрема или материјали наменети за успешни организаци.

На синоќешното одбележување на петгодишнината од првиот број на списанието „Лице в лице“ беа доделени признанија на повеќе поддржувачи на овој проект, меѓу кои и на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

„Лице в лице“ е одличен пример за социјалното претприемништво во Република Македонија, списание кое ја подигнува општесвената свест за важни теми и претставува значајна поддршка за надминување на социјалните ризици во кои се наоѓаат ранливи категории на граѓани, преку нивно работно ангажирање.

Со цел да придонесе во одржливоста на списанието и во креирањето на нови работни места, Владата на Република Македонија на иницијатива на МТСП, усвои Одлука со која ги задолжи сите министерства и државни органи да станат претплатници на списанието „Лице в лице“’ и со тоа да ја покажат својата општествена одговорност.

Половина од сумата од продажбата на списанијата „Лице в лице“ оди за самите продавачи.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.