среда , 28 јуни 2017
demokratski sojuz

ДС: Да се укине Советот за утврдување на факти

„Демократскиот сојуз предлага да се интензивираат реформите во судскиот систем, кој и натаму ги кочи промените, владеењето на правото, како и важење на законите подеднакво за сите граѓани.

За почеток предлагаме три крупни промени:

1.Да се укине Советот за утврдување на факти, кој е надвор од Уставниот поредок и без никаква логика и оправданост да постои.

Идејата за негово формирање беше да се згрижат неколку заслужни партиски егзекутори.

Ваков став за укинување има и Венецијанската комисија.

2.Да се укине Комисијата за воедначување на казнената политика. Ваква комисија никаде во светот не постои и директно е спротивна на начелото на слободно и самостојно одлучување од страна на судиите.

3.Да се укине Комисијата за лустрација (Комисија за верификација на фактите) чие постоење е анахроно на промените, поготово што Законот за лустрација е укинат.

Воедно предлагаме рехабилитација на сите лустрирани со кои се пресметуваше водството на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите овие комисии се формирани со посебни закони и нивното укинување е можно да се реализира за не повеќе од десетина дена“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …