вторник , 26 септември 2017
demokratski sojuz

ДС: Претпазливост со бегалците

demokratski sojuz
Демократскиот сојуз предупредува дека со затворањето на границите од страна на Унгарија, Хрватска, Словенија, Бугарија и другите држави можно е бегалците од Сирија да „заглават“ во Македонија, а нивниот зголемен број може да предизвика хуманитарни и безбедносни проблеми.

Демократскиот сојуз ги повикува државните институции активностите околу прифатот и транзитот на бегалците да ги усогласат со Европската унија, посебно со соседните држави и земјите членки на ЕУ.

Дневниот прифат на бегалци треба да биде согласно нашите капацитети за да не се доведеме во ситуација повторно да бидеме предмет на критика поради лошо справување со бегалци или принудени да градиме кампови надвор од потенцијалите со коишто располага Република Македонија.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …