сабота , 23 септември 2017
talatPressDz-628x320

ДУИ и ДПМНЕ бараат со закон да се забрани објавување на „бомбите“

talatPressDz-628x320Владеачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ до Собранието доставија предлог закон со кој би се забранило понатамошно објавување на прислушуваните разговори.

Со овој закон би се забранило ре-објавување на веќе објавените „бомби“, а нови материјали директно да се достават до специјалното јавно обвинителство.

Талат Џафери од ДУИ денеска изјави дека меѓу партиите има консензус за овој предлог закон и дека истиот е дел од договорот во Прижино. СДСМ го негираат тоа.

За законот треба да се гласа по итна постапка и би стапил на сила следниот ден откако ќе биде изгласан. Текстот предвидува кривична одговорност за оние што ќе продолжат да ги објавуваат бомбите.

Џафери порача дека доколку се усвои законот, медиумите ќе мора да ги симнат од своите веб сајтови веќе објавените материјали.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …