среда , 28 јуни 2017
igor

Дурловски си поднесе оставка од позицијата директор на МОБ

Оперскиот пејач, Игор Дурловски си поднесе оставка од позицијата директор на МОБ и професор на Факултетот за музичка уметност.

-За жал, а можеби некому за среќа, ниту МОБ не беше поштеден од негативните ефекти од наметнатите општествени услови кои се одразија врз целокупната работна атмосфера, расположението на нашата публика, безбедносниот скептицизам на дел од нашите гости-уметници, и ред други помалку значајни нешта.

-Токму поради сето ова би сакал да препорачам да останете доследни на професионализмот, на кој сум сведок во изминатите 18 месеци и сите заедно да покажеме меѓусебна почит без разлика на нашите спротивности. Во таа насока лично сметам дека ќе придонесам со поднесувањето оставка од позицијата директор, напиша Дурловски на својот Фејсбук профил.

Тој во објавата потенцира дека ова не бил ниту политички став ниту став за уметничката дејност на Македонската опера и балет.

„За првото секој има право на сопствена определба или неопределба (што секогаш сум го почитувал), а за уметноста сме разговарале со многумина од вас и верувам дека и понатаму ќе го правиме истото во различни пригоди“, вели Дурловски.durlovski-ostavka

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …