четврток , 19 октомври 2017
migrantkjebe

Два брода со имигранти потонаа покрај бреговите на Либија

migrantkjebeДва брода со имигранти потонаа вчера покрај бреговите на Либија и најверојатно стотици лица се загинати во несреќата, јави ДПА.

Над сто тела се извадени, според податоците на болница на околниот град Зуара на западното крајбрежје.

Крајбрежната стража успеала да спаси 200 лица, но изгледа многу повеќе се блокирани на палубата на поголемиот брод.

Првиот брод, со околу 50 патници вчера испратил сигнал за помош, а вториот со околу четири илјади имигранти потонал малку подоцна.

Телата одведени во болницата во Зуара, се на имигранти од Сирија, Бангладеш и јужноафрикански земји.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …