сабота , 21 октомври 2017
velika britanija

Двајца Британски министри размислуваат за формирање анти-брегзит партија

Поранешниот шеф на Кабинетот на британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис, Џејмс Чепман денеска изјави дека „двајца владини министри покажуваат интерес за создавање нова центристичка партија, која би била против Брегзит“.

Чепмен беше советник на поранешниот министер за финансии Џорџ Озборн, а кога овој беше сменет од Тереза Меј, откако лани во јули беше именувана за премиер, тој стана шеф на Кабинетот на Дејвис, еден од најсилните приврзаници за британското напуштање на ЕУ.

Чепмен поднесе оставка на функцијате пред предвремените парлаентарни избори на 8 јуни, кога ја обвини Меј за „апсолутистистичка позиција“ кон некои апсекти на процесот на Брегзит.

Во интервјуто, тој се залага за создавање на една „демократска партија“ затоа што, според него, двете главни партии во Велика Британија, веќе се заглавени во своите досегашни позиции кон Брегзитот од кои не можат да се повлечат Чепмен открива дека двајца актуелни министри, како и извесен број поранешни владини членови, се за една ваква идеја. Тој тврди дека оваа група веќе имала контакти и со членови на лабуристичката Влада во сенка.

– Не мислам дека овие луѓе се нелојални кон своите партии, туку едноставно, разбираат дека постои голема празнина во политичкиот центар на земјата, што треба да се пополни, вели Чепмен Идејата за нова партија на анти-Брегзит основа, тој ја објаснува со грешката што е направена со одлуката да се напушти ЕУ.

– Брегзит е голема несреќа за Британија, вели Чепмен, додавајќи дека тоа го знаат и ториевците, па затоа стравуваат дека Конзервативната партија можеби никогаш повеќе не ќе може да обезбеди мнозинство на изборите за да може сама да формира влада.

Овој поранешен советник на двајца високи ториевски политичари и министри, потсетува дека дури 60 отсто од пратениците конзервативците беа против излегувањето од ЕУ, а дека сите тие не кажуваат што сега мислат за Брегзит.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …