вторник , 26 септември 2017
Antikorupciska

Две лица опоменати од Антикорупциска поради судир на интереси

Antikorupciska
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) констатира состојба на судир на интереси кај лицата Ѓоре Стојковски и Илбер Исеновски.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, ДКСК се обратила до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции, односно две од трите, кои истовремено ги извршуваат.

Како што соопшти денеска ДКСК, Ѓоре Стојковски и Илбер Исеновски не постапиле по барањето на комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси ДКСК донела одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.

Ѓоре Стојковски, се наведвуа во соопштението, истовремено со функцијата член на Совет на Општина Гази Баба ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „ИНВЕСТ – ПРОМ ЃОРЕ“ ДООЕЛ Скопје.

Илбер Исеновски пак, истовремено со функцијата член на Советот на Општина Центар Жупа ги извршува и функциите ВД директор во Јавното претпријатие „КАЛЕ“ – Центар Жупа од Општина Центар Жупа и менаџер – директор без ограничување во Земјоделска задруга „НОВ ЖИВОТ“ с. Г. Папрадник, Центар Жупа.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …