среда , 28 јуни 2017
strav

Двоен страв во Џенова, опстанокот е помал проблем, сега навивачите се опасни за Пандев и соиграчите

Во Џенова и покрај поразите постои оптимизам дека клубот ќе се спаси од испаѓање од Серија А, но сега нов проблем покрај битката за опстанок за Горан Пандев и соиграчите се нивните навивачи. Тие направија инцидент на мечот со Киево, па претседателот на Џенова, Енрико Прециози, размислува за варијанта домашните натпревари до крајот на сезоната да се играат без публика.

„Водевме со голот на Пандев, кога нашите навивачи почнаа да фрлаат се и сешто на теренот. какво е тоа однесување. Наместо да ни помогнат, ни направија проблем. Разочаран сум. Можеби е време да играме пред празни трибини“, изјави Прециози.

А, сезоната почна одлично за Џенова, екипа која редеше успеси и во првите десетина кола од Калчото беа во горниот дел од табелата. За место на трибините на стадионот „Луиџи Ферарис“ се бараше билет повеќе, но потоа стаса и серија од порази, па сега Џенова е во позиција да бие битка за опстанок до последното коло. Пандев и соиграчите собраа само 30 бодови од 34 натпревари и се две позиции над зоната за испаѓање. На 4 кола до крајот имаат 5 бода повеќе од Кротоне, екипа што е на 18. место, последно што води во понизок ранг.

 

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …