понеделник , 21 август 2017
dragi raskovski intervju

ДВОЈАЗИЧНОСТА – НОВАТА БАБА РОГА

Редејќи се една по една квази темите кои се закана за народот, двојазичноста е моментално таа зад која се скрива сиромаштијата. Како што се наговести, дека нема да задира во уставноста како таа практично би изгледала.

1. Оди Албанац во Струмица и за да “си направи ќејф” поднесува барање до Општината за да му се одговори или да му се донесе некакво решение на албански. Нормално тоа барање ќе треба да е двојазично – дупло време и труд. Од институциите ќе добие одговор дека – што е до нив тие ќе одговорат за 7 дена, но бидејќи се бара да е и на албански, истото ќе треба да се прати до новоформираниот ЦЕНТАР ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ во Скопје. Подносителот има опција да дојде за 7 дена и да го земе одговорот на македонски, а по одредено време да дојде и да го земе истиот одговор преведен и на албански, или да дојде кога ќе се готови и двата и да ги земе да речеме после 14 дена. Моето искуство досега со македонските Албанци е дека тие се многу практични луѓе….

2. Без навреди, факт е дека македонските Албанци зборуват албански јазик кој е различен од литературнио албански јазик и тоа се смета како вид на дијалект. Исто како што ние во Струмица, особено по селата зборуваат македонски јазик, кој за охриѓани би го сметале за странски. Па според тоа, може да се јави проблем при писменото изразување кон државните институции, со тоа што одредени дијалектички фрази напишани на албански можат да бидат непознати за преведувачот.

3. Се носи судска одлука која е поволна за македонскиот Албанец и тој треба да оствари некое свое право со истата. Дали тој ќе чека истата да се преведе или одма ќе ја зграпчи правдата?

4. Доаѓа македонски Албанец на шалтер и се обраќа на албански. Вработениот не знае албански. Му вика – почекај да заврши преведувачот со колегата па ќе дојде кај нас на шалтер …. Дали македонскиот Албанец ќе чека или ќе се разбере на македонски?

5. И сега во судската процедура и во било која административната процедура, странките кои не го познаваат македонскиот јазик имаат право на преведувач. Ако такво право им припаѓа на странците, зошто да го немаат македонските граѓани?

6. Користењето на правото на двојазично изразување во одредени нивоа на комуникација со државните институции ќе биде МОЖНОСТ, а не правило. Граѓанинот кој ќе сака да ја искористи таа негова можност ќе треба да плати со дел од своето слободно време. Доколку заради сопствена сатисфакција тоа го направи, тој и само тој ќе има корист од тоа. Другите нема ни да знаат дека некој некогаш побарал нешто да му биде издадено и на албански. Тоа нема никој да го чини ништо, освен двојно повеќе истрошена хартија и плата за преведувачите.

7. Новоотворениот ЦЕНТАР ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ, ќе стане тесно грли каде ќе заглават веќе донесени одлуки на граѓаните, кои нема да може да се остварат затоа што нема да се преведат на време.

ЗАТОА на секој треба да му се даде можност да се изразува како сака, но тој нека си одлучи дали може да го понесе товарот на тој “луксуз”.
И во пустина е добро да имаш буре вода со себе, но носење на буре вода во пустина истоштува.

 

Проф. Драги Рашковски

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …