среда , 28 јуни 2017
rieka

Двојна круна за Ристовски и Жута

Македонските фудбалски репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута со тимот на Риека стигнаа до двојната круна во Хрватското првенство.

Откако неодамна ја прослави шампионската титула, Риека синоќа го освои и Купот на Хрватска, совладувајќи го Динамо Загреб со 3:1.

Ристовски го почна натпреварот и играше до 85.минута кога беше заменет токму со Жута.

Головите за Риека ги постигнаа Марио Гаврановиќ (24 и 46.минута) и Дарио Жупариќ (72), додека за Динамо погоди Дани Олмо (37).

Финалето се играше во Вараждин.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …