сабота , 23 септември 2017
siromastijaKanta-540x320

Еден од пет млади Германци под закана од сиромаштија

siromastijaKanta-540x320Нова студија објавена од германската Фондација за социјална правда „Бертелсман“, покажува дека иако Германија е водечка земја во Европа според стандардот и социјалната положба на своите граѓани, во неа сепак се уште има многу луѓе на кои им е потребна помош.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според студијата, речиси 19 отсто од германските граѓани под 18-годишна возраст живеат под закана од сиромаштија и социјална исклучивост. Според индексот што го објавува фондацијата „Бертелсман“, на ниво на ЕУ процентот на млади луѓе кои живеат со страв од сиромаштија е 27,9 отсто.

Студијата тврди дека 5,4 милиони луѓе на возраст од 20 до 24 години, кои не се опфатени со образовните институции или тренинг, ќе имаат ограничени можности во иднина.

– Не смееме да си дозволиме изгубена генерарија во Европа, ниту во социјална, ниту во економска смисла, вели Арт Де Геус, претседавач на „Бертелсман“, според кого, ЕУ и нејзините членки мораат да направат посебни напори за подобрување на можностите за одржлив напредок на младите луѓе.

Според индексот за социјална правда, Германија и покрај својата силна економија е рангирана на седмото место со индекс од 6,52. На прво место е Шведска со 7,23.

Индексот мери низа фактори, како првентива од сиромаштија, образование, пристап до работа, социјална кохезија, здравство, и меѓугенерациска правда.

Подобро рангирани од Германија се и Данска, Финска, Холандија, Чешка и Австрија. На дното на листата се Хрватска, Унгарија, Шпанија, Бугарија, Романија и Грција.

Резултатите од студијата се особено изненадувачки ако се знае дека Германија има најмала стапка на невработеност и кај возрасните и кај младите, која изнесува само 7,7 отсто. Една од причините за нискиот индекс на Германија е што кај младите луѓе околку 40 отсто се вработени на привремени работни места или на позиции со ниска плата.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …