вторник , 26 септември 2017
132859108

Еден убиен и четворица ранети при напад во училиште во Шведска

132859108Еден професор е убиен, а четворица ученици се повредени денеска кога маскиран напаѓач вооружен со меч изврши напад во средно училиште во градот Тролхатен, близу Гетеборг, во југозападна Шведска.

Полицијата соопшти дека напаѓачот на возраст од околу 20-тина години, чиј идентитет и мотиви не се соопштени, бил застрелан од полицајци, по што во критична состојба е пренесен во болница.

Според шведските медиуми, ранетите ученици се на возраст од 11 до 15 години. Некои од нив се здобиле со серизни повреди и биле подложени на хируршки зафати.

Во полициското соопштение се вели дека во времето на инцидентот во училиштето имало околу 400 ученици, по што се создала целосна конфузија.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …