недела , 22 октомври 2017
edi rama

Еди Рама: Се отвора нова страница во односите меѓу Албанија и Македонија

Во среда во Трст се одржа средба меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот албански колега Еди Рама, кој беше облечен во костум и патики.

„Споделуваме заедничка визија за евроатлантската иднина на Република Македонија и Република Албанија“, напиша Заев во социјалната мрежа Twitter.

Во Трст со премиерот Зоран Заев ние разговаравме за зајакнување на пријателството и за продлабочување на севкупната соработка меѓу нашите две држави. Новата страница во билатералните односи, која ја вети премиерот Заев, треба да биде испишана со конкретни активности за сите Албанци кои живеат во Македонија“, коментира Рама.

За време на средбата на двајцата лидери присуствуваа исто така министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров и неговиот албански колега Дитмир Бушати, како и Дане Танески, советник на македонската влада.

Од своја страна Рама објави на својата официјална страница на Facebook видео од почетокот на средбата и напиша дека меѓу дискутираните теми биле зајакнувањето на најдобрите соседски односи, соработката меѓу двете земји и подобрувањето на етничките односи меѓу Албанците и Македонците во Македонија преку усвојување на соодветни закони.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …