вторник , 26 септември 2017
edin

Един Јакуповиќ : “Турците во Македонија заслужуваат да имаат еднакви права со останатите граѓани во нашата заедничка Tатковинa “

Ова писмо нема да го започнам по теркот на формалниот протокол како што се очекува кога треба да се обратиме до актуелна влада или вработени (министри) без право на глас во истоимената дружина….
Но со сета огромна почит и загриженост ви се обраќам вам : пријатели, познаници, другари, другарки, роднини, сопартијци и сите граѓани кои живеат во нашата држава.
Драги сограѓани неможам а да не прозборам гласно за прблемите со кои се соочуваат моите и вашите сограѓани од турската националност во институциите на системот!
Дали е вистина ? и зошто ?
Во македонското радио, е пристигната нова техничка опрема! Но, реалноста да е по сурова само колегите од турската редакција неможат да се здобијат со правото на новата опрема!!

На ова прашање, вработени добиваат одговор!  “барајте си во ТИКА (Турска Интернационална Агенција за Соработка и Развој ) тие нека ви дадат нова опрема” !!!
Изградбата на турскиот театар е во застој поради фактот!

“Од нас толку,сега треба Р.Турција да даде пари за понатамошна изведба на Турскиот театар” !!!
Турската редакција во МРТВ веке години назад се соочува со огромни тешкотии на нормално професионално функционирање!

Програмата е намалена за речиси 80% техничката и др. опрема исто така донација од ТИКА (Турска Интернационална Агенција за Соработка и Развој )

Образованието на сите граѓани е во целсен колапс!

Во многу средини иако загарантирано право по устав да се посетува настава на Турски јазик, криминалната структура предводена од ДПМНЕ- ТДП (турска демократска партија ) веќе долги години работи на изумирање на турската традиција, култура и нација.
Гласноговорниците на овој режим констано упатуваат фашизодни пораки и навреди до турците во Македонија а системот храбро ги брани, додека на наши сограѓани им се суди за “тегла АЈВАР”
“Турците во Македонија заслужуваат да имаат еднакви права со останатите граѓани во нашата заедничка Tатковинa ”
Јас Един ЈАКУПОВИЌ – Јавно го кревам гласот и се спротиствувам на овој режим!
Да се спротиставиме на врхушката предводена од ТДП (турска демократска партија – ДПМНЕ ) ,
сите заедно да го кренеме гласот против овој режим и диктатура!

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …