понеделник , 23 октомври 2017
132367275-540x320

Еднаков пристап на правдата – недостижен идеал

132367275-540x320Ал Џезира Балкан – Сараево

Ефикасната правна заштита на најранливите, социјално загрозените категории на население е клучен фактор кој обезбедува почитување на принципот на еднаквост и недискриминација, кои подразбираат еднаквост на сите лица пред законот.

Тој принцип, кој претставува темел на меѓународното законодавство за човековите права, се остварува преку пружање на бесплатна правна помош, која во регионот заживеа дури неодамна. Според дефиницијата, бесплатна правна помош е облик на остварување на права на физичко лице на правично судење и еднаков пристап на правда пред сусот и другите органи, чии трошоци во целост или делумно ги сноси надлежен орган за пружање на бесплатна правна помош.

БиХ без единствени закони

Во Босна и Херцеговина моментално не постои хармонизиран систем за бесплатна правна помош. На ниво на земјата се уште не е усвоен Закон за бесплатна правна помош, ниту на ниво на Федерацијата БиХ, на подрачјето на трите кантони во Ф БиХ.

Заводот за пружање на бесплатна правна помош на Кантон Сараево почна со работа во 2013 година.

Директорот на Заводот Велија Нухановиќ рече за Ал Џезира дека таа институција делува врз основ на кантоналниот Закон.

Нухановиќ додава дека наспроти непостоењето на рамковен закон, Заводот делува во согласност со највисоките меѓународни стандарди во таа област. Го потенцира значењето на поддршката на Развојната програма на ОН во БиХ (УНДП) и придонесот на таа организација во опремањето на просториите на Заводот, како и едукацијата на вработените.

Од УНДП истакнуваат дека непотполноста и разликите во правните прописи доведува до дискриминација и неможност за остварување на правата на бесплатна правна помош на граѓаните кои живеат во кантони во кои не постојат закони и институции за пружање на правна помош. Поради тоа сметаат дека е потребно континуирано да се делува на изградба на таков систем на бесплатна правна помош кој ќе обезбеди еднаков и недискриминирачки пристап на бесплатна правна помош на целото подрачје на Босна и Херцеговина.

– Во претходниот период дејноста на правниот застапник ја вршеа четири државни службеници вклучувајќи го и директорот, а од 15.06.2015 година ангажиран е уште еден работник кој работи како правен застапник – наведе Нухановиќ со оценка дека моменталниот број на правните застапници во наредниот период треба да се зголеми. Високиот процент на решените предмети, околу 90 отсто, зборува за ефикасноста на работата на Заводот.

Заводот за пружање на бесплатна правна помош на Унско-санскиот кантон почна со работа во август 2013 година.

– Иако Заводот е новооснована управна организација, може да се каже дека секој ден се поголем број на луѓе се обраќаат на Заводот за решавање на нивните правни проблеми, па до сега во согласност со расположливите кадровски капацитети успевме да одговориме на сите барања и потреби на граѓаните, навремено и на што подобар и поефикасен начин – соопштија од Заводот за Ал Џезира.

Се додава дека за време на постоењето на Заводот забележана е константна тенденција на раст на бројот на предмети и барања на граѓаните за пружање на бесплатна правна помош.
Закон за бесплатна правна помош и воспоставување на Заводи нема Кантон 10 и Среднобосанскиот Кантон, рече Нухановиќ.

Прописите во Хрватска

– Законот за бесплатна правна помош ја регулира бесплатната правна помош како примарна и секундарна – вели за Ал Џезира Дарко Хорват, деловен секретар и службеник за информирање на Хрватската адвокатска комора ХОК задолжени за бесплатна правна помош во таа земја. Тој додава дека примарната помош се состои од давање на правни совети и таква помош можат да пружаат правни клиники, невладини здруженија за пружање на правна помош и адвокати, а секундарна од застапување пред судови и други државни органи можат да пружаат само адвокати.

Од ХОК истакнуваат дека средствата кои се во државниот буџет се предвидени за подмирување на трошоците на бесплатната правна помош, не се достапни.

– Бесплатната правна помош која ја пружа Хрватската адвокатска комора не е опфатена со државниот буџет туку паѓа на товар на Хрватската адвокатска комора, која се финансира само од членарината на адвокатите и не прима никакви средства од државниот буџет, ниту од било кои домашни или странски организации – истакна Хорват.
Сепак, таа институција на годишно ниво решава повеќе од илјада предмети.

УНДП и во Црна Гора

Процесот на пружање на бесплатна правна помош во Црна Гора е реализиран со помош на УНДП. Канцелариите за бесплатна правна помош, кои почнаа со работа во 2012 година, се сместени во простории во надлежните Основни судови.

За првата година од основањето на канцеларијата во Подгорица забележани се над 200 барања за бесплатна правна помош.

Во Србија неодамна е одржана конференција Дали сме еднакви во пристапот на правдата, на која е истакнато дека граѓаните на таа земја веќе девет години не можат да ги остварат своите со Устав загарантирани човекови права, бидејќи посебен закон во таа област се уште не е донесен.

Уставот на Србија од 2006 година гарантира право на бесплатна правна помош, наведоа учесниците на конференцијата, со напомена дека таа земја има добри закони, дека тие се во согласност со меѓународните стандарди, но не се применуваат.

Иако Уставот на граѓаните гарантира еднаков пристап до правдата, не постои Закон за бесплатна правна помош кој е клучен за тоа. Од друга страна, неформалниот систем на бесплатна правна помош не функционира, бидејќи таа ја пружаат невладини организации, центрите за социјална работа… Тоа, сепак, не е доволно да се подмират сите потреби на тие на кои им треба таков вид на помош, е еден од заклучоците на таа конференција.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …