понеделник , 23 октомври 2017
jana-i-ljubomir

ЕДНО ИНТЕРЕСНО ПОПЛАДНЕ ВО ГРАДОТ ПОД ЦАРЕВИТЕ КУЛИ……

Седнувам пред компјутерот и се прашувам ???…. Како би требало да ги споделам мислите кои ме обземаат во овој момент, а притоа да не дозволам грешка при нивното составување…

Одлуката падна…. Ќе започнам на начин кој во целост ќе ме отслика мене, а воедно ќе се потрудам на лесен и едноставен начин да ја преставам ситуацијата во која се најдов изминативе два дена.

Имено, во Саботата заминав во Охрид во посета на мојата сакана внука Јана Арсовска. Отидов со идеја и план во кој се убедив самиот, а највише се инспирирав од повикот на ФБ објавен од нејзините пријатели во изминативе 10 дена.

jana-i-ljubomir-1

За нејзината состојба бев запознаен, но тоа беше моментот кога дознав дека Јана се вратила дома од Германија после 10 месечното лечење, период во кој Јана поминуваше низ тешки патешествија и болки, особено од многубројните хемотерапии.
Со оглед на тоа дека нејзините другари започнаа кампања за собирање средства, мојата идеја беше следна…. Ќе ја посетам внука ми Јана , за да видам како е, што прави, како се снаоѓа и на крајот на краиштата да прашам кој е начинот на кој можам да помогнам околу нејзината состојба.

Патувајќи кон Охрид, никако неможеше да ми излезе од глава состојбата во која се најде Јана и моите роднини. Цело време замислував, каква е таа невообичаена ситуација во која може да се најде секој од НАС или нашите блиски и која енергија ќе биде потребна за да се надмине и победи таа состојба. И додека сите НИЕ војуваме и се трошиме во секојдневните глупости, какво ли е чуството кога треба да го победиш, непобедливото….

jana-i-ljubomir-2

Тропам на вратата и со блажена насмевка ни отвара мојата братучетка, мајката на Јана, Марга. И таман кога помислуваш дека ќе се соочиш со болежлива девојка, пред тебе се исправува ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ… Неколкуте часа разговор со Јана ти покажува дека пред тебе е исправена најголемата ХЕРОИНА на денешницата, девојката која со својата верба и насмевка влегува во битка за ЖИВОТОТ.

Разговорот од неколку часа, помина во еден здив. Чуството на емпатија и доживувањето на нејзината состојба, провејуваше низ воздухот цело време додека траеше нашиот разговор. Апелот за помош и хуманост кон нејзината ситуација се подразбираше и веќе беше започнат од нејзините блиски другари и пријатели (https://www.gofundme.com/jana-arsovska).

Најбитно од се, сепак беше, дека ЈАНА Е ДОБРА И ОДЛИЧНО ЗАКРЕПНУВА….. Последните резултати покажуваат дека болеста се намалува и сега стремиме кон целосно повлекување…. Убеден сум дека во наредниот период ќе оздрави во целост и како секој од нас ќе продолжи да ужива во убавините и радостите кои доаѓаат….

Но, она што мене почна да ме мачи во тие моменти, беше, како да ја покажам мојата СОЛИДАРНОСТ со нејзината ситуација, а во истиот момент тоа да преставува и солидарност со сите млади луѓе кои се соочуваат со болеста на Јана и патиштата кои ги чекорат.

Во тој момент ми прелета низ мислите една сцена од познатата серија SEX AND THE CITY, сцена во која момчето на една од главните актерки во знак на солидарност со нејзината состојба, се потстрижи во целост за да го докаже неговото разбирање за нејзината состојба.

И СЕ СЛУЧИ….ОДЛУКАТА ПАДНА….

Затоа, Драги Пријатели….. Чувството за СОЛИДАРНОСТ и ХУМАНОСТ треба да бидат вратени на врвните места во листата на нашите животни приоритети. Не треба да заборавиме, на грижата за сопствената фамилија, нашите блиски пријатели и сограѓани. Животот денска е стварно тежок за сите. Но, тоа не треба да биде оправдание за нашето однесување.

За крај, јас мојата солидарност ќе ја манифестирам во стилот на серијата, а хуманоста преку донација на страницата за Јана.

ЈАНА НЕ Е САМА…….ДА ИМ ГИ ВРАТИМЕ НАСМЕВКИТ

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …