недела , 20 август 2017
efes naumovski

Ефес го повлекува дресот со број 7 во чест на Петар Наумоски

Патар Наумоски се враќа во Ефес Пилсен. Некогашниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, а сега претседател на МКФ, ќе добие посебно признание од турскиот тим. Наумоски e речиси седум години помина во тимот на Ефес и стана еден од најдобрите играчи во историјата на тимот.

Во Истанбул дојде во 1992 година, каде две сезони. Една сезона замина во Бенетон, а потоа повторно се врат во Ефес, каде остана до 1999 година. За времето поминато во Ефес, се радуваше на по четири титули во турското првенство, Претседателскиот куп и Турскиот куп, како и еден трофеј во Корач купот. Играше и едно финале, но за жал го загуби.

Од Ефес не го заборавија Наумоски. Тие решија да го повлечат дресот со бројот 7 кој го носеше Пеце. Церемонијата ќе се случи в четврток за време кога во Истанбул гостува екипата на Армани, во меч од Евролигата. Овој дуел не е случајно избран, бидејќи Наумоски две години играше за тимот од Милано.

Слични написи

gokovichmadridopen-685x320

Ѓоковиќ: Бог ми порача, сега е навистина доста!

Со години доминираше во светскиот тенис, но Новак Ѓоковиќ е во сериозна играчка криза, проследена …