недела , 20 август 2017
exit

Егзит подготвува гитарска лудница на Тврдината!

Егзит фестивал доби нови, жестоки засилувања за овогодишниот фестивал кој ќе се одржи од 6 до 9 јули на Петроварадинска тврдина. Спојот на мелодичен и тврд звук ќе се чуе од третата најголема бина на фестивалот, Fusion, каде што доаѓа легендарниот состав „The Damned“ кој ќе ја донесе својата препознатлива панк атмсофера, а славната бина на Егзит фестивал посветена на екстремниот звук, Explosive, и оваа година ќе биде епицентар на земјотресот кој ќе го предизвикаат најновите објавени имиња на метал, панк и хардкор сцената!

Фуриозниот лајн-ап го предводат легендарните панкери „Angelic Upstarts“ кои доаѓаат во Србија по 32 години! Ним им се придружува и култното име на екстремната индустриал дарк метал сцена, швајцарскиот бенд „Samael“. Тие ќе ја предводат експлозивната програма на оваа бина покрај веќе најавените бендови „The Black Dahlia Murder“, „Discharge“ и „Destruction“.

Едни од зачетниците на панк сцената, британските ветерани „The Damned“ годинава на Егзит ќе прослават 40 години од својот прв албум „Damned Damned Damned“ кој е воедно и првиот објавен британски панк албум. Со впечатливиот вампирски изглед на фронтменот Дејв Ваниан, кој го инспирираше раѓањето на готик модата, како и со нивниот иновативен пристап, го осигураа своето место во историјата на музиката, а оваа година ќе објават и нов албум на кој фановите ги очекува нивниот познат звук, но и новини, со кои ја зацврстуваат својата репутација на неуморни иноватори.

Слични написи

ignasio

Шпанскиот мајстор на гитара Игнасио Родес вечер на „Охридско лето“

Вљубениците во звукот на класичната гитара вечер во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ ќе имаат …