четврток , 19 октомври 2017
11911399_1487540561561050_278666310_n

ЕК: Македонија има право да контролира кој влегува на нејзина територија

11911399_1487540561561050_278666310_nВо согласност со меѓународните закони, Македонија има право да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да им забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите. Ова денеска преку го соопшти прес-службата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

– Комисијата знае за одлуката на Владата да прогласи вонредна ситуација во областите долж јужната и северната граница. Комисијата е подготвена и натаму да и дава хуманитарна помош на Македонија, пишува во соопштението на прес-службата на Хан што ја пренесува „Танјуг“.

Во сооштението пишува дека ЕУ досега обезбедила 90.656 евра хуманитарна помош за Македонија, како и дека во завршна фаза е програмата за помош на регионот на Западен Балкан и Турција во вредност од осум милиони евра што треба да биде спроведен веќе во септември.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.