вторник , 26 септември 2017
margariras

ЕК: Одложено објавувањето на извештајот за напредокот на кандидатите

margarirasЕвропската комисија денеска соопшти дека поради клучниот состанок за тоа како да се решат војната во Сирија и бегалската криза, одложено е годинешното објавување на извештајот за напредокот на кандидатите за потенцијална кандидатура за членство во ЕУ.

Како што изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, извештаите ќе бидат објавени по средбата на лидерите на ЕУ на 15 и на 16 октомври во Брисел, на кој апсолутна предност ќе ѝ се даде на бегалската криза.

Схинас не сакаше да каже дали извештајот ќе биде објавен следната недела.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …