вторник , 24 октомври 2017
otpad2

Екологистите од Тетово бараат чистење на депонијата и дислокација на претоварната станица

Oд Иницијативата „За чисто Тетово“ денеска преку прес-конференција на локацијата кај дивата депонија на влезот од градот реагираа што општинските власти се уште не изнашле решение за чистење на депонијата и за дислокација на претоварната станица за отпад.

– Имавме ветувања дека претоварната станица ќе се дислоцира далеку од градот и со тоа ќе престане агонијата која со години наназад ја нагрдува сликата за Тетово. Колку вреди зборот на еден градоначалник, колку вреди зборот на општинските власти? Сликата и миризбата кажуваат се. Граѓаните негодуваат, се гушат во неподнослива миризба која сега за време на високите летни температури е уште поинтензивна, изјави Борис Стојановски од ГА „За почисто Тетово“.

 Минатата недела градоначалничката на Општина Тетово ја отвори претоварната станица за смет лоцирана на само неколку километри од градот и рече дека со нејзината работа ќе се ублажи проблемот со сметот во градот, а во меѓувреме најави дека екипи на Јавното комунално претпријатија „Тетово“ ќе работат на отстранување на сметот од дивата депонија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …