четврток , 19 октомври 2017
ekonomski rast

Економијата на Македонија „замрзната“

Економијата во Македонија во вториот квартал од 2017 година се намали за 1.8 отсто споредено со истиот квартал од 2016година. Во поголем дел од овој период, економијата остана  „замрзната“: домашните инвеститори речиси  целосно се воздржаа од развојни активности, а влез на нови странски инвеститори речиси и немаше, проценува „Finance Think“ во најновата анализа.

Поради овој тренд „Finance Think“ ја ревидира надолу проекцијата за растот на БДП за годинава на 0.8 отсто, одразувајќи го ризикот околу брзината со која новата влада се враќа на патеката на структурните реформи.

Оваа значајна надолна ревизија на БДП е одраз и на повисокиот пад на економијата од очекуваниот во вториот квартал годинава,  како и на застојот во реализацијата на капиталните инвестиции, понатамошната воздржаност на потенци јалните странски инвеститори и отсуството на амбициозна и структуирана економска цел и програма во моментов, оценува овој институт за економски истражувања и политики.

Слични написи

moneti

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на …