недела , 22 октомври 2017
Islamic State Jihadists expand foothold in northern Iraq

Економист: Турција, Америка и Курдите – незгодни сојузници

Islamic State Jihadists expand foothold in northern Iraq
Кога дојде веста за договорот помеѓу Турција и Америка за Сирија минатиот викенд, тоа беше дочекано како позитивен момент. Но брзо стана јaсно дека договорот е полн со двосмислености и разидувачки планови. Тоа не би требало да изненадува: впечатокот дека двете страни со толку затегнати односи во последно време ги надминуваат разногласијата за да ја победат Исламска држава, веднаш беше малку веројатен.

Привидната промена на позицијата на Анкара дојде по убиството на 32 млади активсти во Курдкскиот културен центар во пограничниот град Суруч на 20 јули. Откако долго време се правеше дека не ги забележува ИД (и другите сунитски џихадистички организации кои се борат против режимот на Асад во Сирија), турската влада изгледа беше затекната во самозаблудата за заканата која организацијата ја претставува.

Всушност, веќе неколку седмици Турција стреми кон заземање на поактивна улога во коалицијата против ИД, што можеби и го предизвикало самоубиствениот напад. Меѓу другите причните се и растечко неспокојство од засилените врски меѓу американците и курдите; активното собирање на борци на ИД во големите градови во Турција; заканите за штетите врз репутацијата на Турција од нејзината толерантност кон ИД. Во јуни, претседателот Барак Обама јавно ја критикуваше Турција дека не успеала да го сопре протокот на странски борци и оружја преку нејзината граница кон Сирија.

Иако деталите од договорот остануваат нејасни, Турција се согласи на две дамнешни барања од Вашингтон. Првото беше да им дозволи на американските воени авиони да извршуваат удари врз позициите на ИД од големата натовска база Инџирлик. Со многу помалку време за летање до контролираната од ИД територија отколку од базите во Персискиот залив, авионите сега можат да посветат повеќе време на своите цели, да реагираат побрзо на информациите во реално време од набљудувачките дронови, и да одржат повисоко темпо на операциите. Второто барање беше турски бомбардери Ф-16 да се вклучат во акциите на коалицијата против ИД.

Во замена, Aмериканците се соглaсија да помогнат во создавањето на 105-километарска слободна од ИД зона во западниот дел на турско-сириската граница, во регионот северно до Алепо до Еуфрат. Тоа ќе и помогне на Анкара да го зачува своето достоинство, но сепак таа зона нема да биде забранета за летови која Tурците ја бараат откако избувна граѓанската војна во Сирија. Таа требаше да даде прибежиште од силите на Башар Асад, а посебно од неговата авијација, додека целта на зоната сега е само да се изолира ИД.

На брифинг минатата недела, Tурците изразија надеж дека зоната во крајна сметка ќе претставува прибежиште за дел од 1,8 милиони сириски бегалци во Турција. Но пред тоа, главната цел за истерувањето на ИД од зоната е да се прекине патот за достап кон Турција, преку кој организацијата внесува странски борци. Веднаш штом воздушните удари убијат џихадистички борци (се смета дека околу илјада умираат секој месец), на нивно место се појавуваат нивни заменици. Откако загуби од курдите еден граничен пункт на исток кај Тел Абад во јуни, ИД тргна на друг по на запад – Џараблус – кој се наоѓа во зоната.

Турците се надеваат и на друга корист за нив самите. Создавајќи зона слободна од ИД, тие би сакел исто да се направи зона слободна и од сириските курди, за да ги спречат курдските планови за завладување на соседната територија која им е неопходна за да создадат самоуправувачка единица на турската граница, потребна за автономија на Курдистан во северен Ирак. Тоа е перспективата од која претседателот Реџеп Таип Ердоган се плаши повеќе отколку од потенцијалните закани од ИД. Иако објавената од Турција стратегија за Сирија е сосема фокусирана на отстранувањето на Асад, нејзината поддршка за џихадистите директно имаше за цел во не помала мера да ги држи курдите под контрола.

Вистинската цел

Овој факт може да се види од целите избрани од турските воени воздушни сили во последниве неколку дена. Тие извршија неколку ограничени удари против ИД во северозападна Сирија, но покажаа многу повеќе заложби во ударите против позициите на сепаратистичата Курдска работничка партија (ПКК) во северен Ирак, ставајќи крај на двогодишното примирје со еден од најголемите ненријатели на ИД. Турците не ги бомбардираат ИД во долината на Еуфрат во Сирија, каде се води војна помеѓу курдските сириски милиции, познати како Сили за заштита на народот (СЗН е вооружено крило на сириската курдска Партија на демократскиот сојуз, одгранок на ПКК). Но американските авиони им даваат помош на СЗН кои се борат против ИД во близина на Тел Абад.

Американците беа во тесна соработка со СЗН за време на тешката одбрана на Кобане минатата година, ги сметаат курдските милиции како свој најнадежен сојузник против ИД на територијата на Сирија, и имаат намера да ја засилат таа соработка. Турците велат дека иако ја сметаат ПКК за терористичка ортанизација, исто како и ИД, тие немаат планови да ја уништат СЗН. Сепак, има соопштенија (кои Анкара ги негира) за турски тенкови кои стрелале врз позициите на СЗН минатата недела, близу до Џараблус. Евентуалното докажување за турскиот напад против СЗН би било преминување на црвената линија, предупредуваат американски официјални претставници. И покрај сите свои херојства во реоните кои сака да ги контролира, СЗН нема да ја нападне ИД во нејзиното утврдување Рака. А за тоа со сигурност коалицијата треба да ги вклучи сунитските Арапи. Интеративен шав за испреплетените конфликти на Блискиот исток.

Но и други разидувања не се полесни за надминување. Едно од нив е што Турците и Американците не постигнале согласност за тоа со кои бунтовнички групи ќе работат во протерувањето на ИД од зоната. Тоа е важно, затоа што ниту една од страните нема намера да испраќа копнени сили таму.Турците одамна се блиски со Ахрар аш Шам, – добро оранизирана исламистичка организација која добива оружје од турската разузнавачка агенција и од Катар. Американците може и да успеат да го проголтаат Ахрар и разидувањата со неа – организацијата е всушност автентична сириска и нема планови за западот, иако нејзините официјални врски со сирискиот клон на Ал Каеда се многу проблематични.

Друга од целите на Турција е да ги доведат американските авиони во директна конфронтација со замрените, но сеуште ефективни (иако само за тероризирање на цивилното население) воздушни сили на Асад. Тоа е нешто што американците сакаат да го избегнат, не сакајќи да преземат голема операција за уништување на системот за воздушна одбрана на Сирија. Да се дејствува во делови од Сирија кои режимот веќе не ги контролира е тешко, но југозападното крило од зоната вклучува сеуште оспорувана територија.

Ердоган исто така очекува и политичка корист од неговата зделка со американцнте. Со убивањето на полицајци и војници, КРП му го обезбеди на Ердоган алибито кое му требаше за да ги испрати своите бомбардери против неа. Од организацијата тврдат дека полицијата го злоупотребува ѕверството во Суруч. Ако КРП одговори со нови насилства, тоа ќе додаде уште адути во рацете на претседателот. Возобновениот тероризам на КРП ќе ја оцрни Демократска партија на народите – првенствено курдска политичка партија која му го одзема на Партијата на правдата и развојот на Ердоган мнозиинството на изборите во јуни, од позицијата да го смени уставот за да создаде претседателка извршна власт. Ердоган може да свика предвремени изброи во обид да го постигне посакуваниот резултат.

Осознавајќи дека нејзината претходна стратегија пропадна, Турција сега се вклучи во коалицијата против ИД како активен учесник. Но и самата идеја за многу ограничена анти-ИД зона недоволно е обмислена. Никој не објасни кога и како ќе биде спроведена или управувана. Коалицијата против ИД одамна страда од неослислени цели и слаба ангажираност. А тоа всушност и нема да се промени.

Економист – Лондон

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …