вторник , 26 септември 2017
turskasiromastija-540x320

Економската слика на Турција се влошува со наближување на изборите

turskasiromastija-540x320
Третиот квартал во 2015 заврши и уште од сега може со сигурност да се смета дека Турците живеат уште една изгубена година. Или уште полошо, постои голема веројатност следната година исто да биде уште една изгубена година.

Единстфвениот начин тоа да се спречи е да биде постигнат итен договор веднаш по изборите на 1 ноември и да се формира широка владина коалиција со долг мандат. Независно од тоа какви ќе бидат резултатите од изборите, многумина мислат дека еднопартиска влада нема да може да ги реши натрупаните и долгогодишни проблеи на Турција.

Од друга страна, ако Партијата на праведата и развојот (АКП) формира еднопартиска влада, постои веројатност да се обиде да обезбеди мир во земјата и да преземе радикални чекори за да ја поправи економската слика. Но, тоа е малку веројатно, бидејќи истражувањата на јавното мислење покажуваат еднаков распоред на гласовите, како и на изборите на 7 јуни. Формирањето на еднопартиска влада на АКП се закана дека таа може да ги повтори своите претходни грешки поради сопственото самољубие.

Ако прашате дали во моментов пазарите се песимистичики расположени, одговорот според еден директор на банка може да биде: „Треба да имаме надеж. Во спротивно, дури и сегашниот лош баланс во економијата нема да може да биде сочуван“. Играчите на пазарот исто се присетуваат дека се надеваа оти здравиот разум ќе надвладее по изборите на 7 јуни и евентуално че биде формирана коалиција, но тоа не се случи.

-И покрај тоа ние сега треба да имаме надеж, велат тие.

Тие се многу разочарани од Владата. Гневни се и на раководството на Централната банка затоа што не може да дејствува независно и затоа што постојано дозволува многу прости грешки. Тие всушност се уште сакаат да ги зачуваат своите големи надежи.

Тие не очекуваат да се формира еднопартиска влада по изборите на 1 ноември, но овој пат сметаат дека е многу поголема веројатноста за формирање на широка коалиција. Ако тоа не се случи, тие велат дека овој пат „економијата ќе тргне кон катастрофа“.

Она што ја поттикнува мислата за „катастрофа“ се последните економски показатели. Со наближување на изборите, очигледно е дека економската перспектива се влошува и ако не биде формирана коалиција сликата ќе биде уште полоша.

Тие обрнуваат внимание дека курсот на доларот, кој по одморите достигна 3,06 турски лирии и ако Централната банка продолжи да се противи на зголемување на каматите, тогаш тој ќе продолжи да биде таков. Висината на обврзниците во Турција од 12 проценти достигнаа највисоко ниво од почетокот на светската економска криза.

Полошите показатели за висината на потребите и намалувањето на индексот на довербата во реалниот сектор даваат индикации дека песимизмот се шири.

Се разбира, заедно со сите тие негативни показатели, очекувањето за покачувањето на каматите од страна на Федералните резерви во САД и сегшаните проблеми на Кина, исто така имаат големо влијание.

Но, Турција, заедно со Бразил, е исправена пред потешка ситуација отколку други земји како неа. Ја плаќаме цената за втори избори кои се одржуваат за кратко време и продолжуваме да дозволуваме и политички и економски грешки. Ако не биде постигнат договор по овие избори, сигурно е дека економските прашања нема да одат кон добро.

Хуриет Дејли Њуз – Истанбул

 

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …