недела , 22 октомври 2017
slobodanka-aleksovska-640x3621

Екс-директорката Алексовска молчи за потрошените илјадници евра, обвинува за реваншизам

Екс директорката на Центарот за вработување на Скопје при Агенцијата за вработување, Слободанка Алексовска реагираше на вчерашната прес конференција на сегашната директорка на Агенцијата, Билјана Јовановска:

Почитувани медиуми,

Во Агенцијата за вработување на Република Македонија од страна на ВД Директорот Билјана Јовановска од почеток на нејзиното именување во континуитет се врши политички реваншизам и деградација на државни службеници кои што не се политички истомисленици.

Денес имавме повторно лажни обвинувања, изнесување на невистини со цел да се нанесе штета на угледот на раководни и стручни лица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а да се покрие незаконското работење и незаконското прераспоредување на кадри од страна на СДСМ.

ВД Директорот Билјана Јовановска на ден 17.08.2017 година го прекршува Изборниот Законик и Законот за јавни службенци и со Известие спротивно на Законот за општа управна постапка Раководителот на Центар за вработување на град Скопје го преместува на пет позиции пониско, како и го остава Центарот во хаос и безредие со тоа што на раководното лице му забранува да извршува надлежности од еден највисок управен акт Решение за работа и Договор за вработување.

Во ист ден се носи одлука за Ревизија и се отвара инструирано дисциплински постапки против Г-ѓа Алексовска кои што како и во соопштението на Јовановска е наведено дека ќе продолжат по завршување на изборите. Целта е јасна да се избркаат од работа сите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Со прекршување на основните стандарди за вршење ревизија се прави упад во Центарот со цел да се изнесат фотокопии за да се манипулира со нив во јавноста, не е запазени стандардите и законската процедура за вршење на ревизија, а можно е и подметнување на документи, за што ќе се поведе постапка против сторителите. Извршен е и насилен упад и вербален напад по наредба на ВД Директорот Јовановска во канцеларијата на Раководителот во присуство на пет сведоци за што е пријавено и регистрирано ПС Центар и против сторителите ќе биде поведена постапка пред надлежните судови. Раководителот има добиено лични навреди и закани за што ќе биде започната постапка пред надлежен суд за вознемирување на работно место и повреда на личниот углед, неприкоснованост на животот, и право на политичко делување. Насилието и незаконското деградирање од страна на власта продолжува.

ДКСК по Приговорот на Слободанка Алексовска за прекршување на Изборниот Законик одлучи дека е основан и ја задолжи АВРМ во рок од 15 дена да достави соодветна документација. Поведена е постапка и пред други надлежни органи и институции.

Резултатите од мерките за вработување и услугите кои ги дава Агенцијата се видливи и говорат за начинот на работење на Раководните лица во Агенцијата. Центарот за вработување на Град Скопје има низа теренски активности, два саеми за вработување, форуми и посети на работодавци и невработени лица и различни посети и делегации кои се успешно реализирани и носат бенифит на граѓаните. Неосновани се и целосно неточни обвинувањата на ВД Директорката. Да нагласиме дека во Центарот за вработување на град Скопје Државниот завод за ревизија имаше извршено ревизија на работењето за 2015 и 2016 година и не е најдена забелешка во работењето на Центарот што докажува дека се изнесени лажни обвинувања.

Со овие обвинувања се одвлекува вниманието на јавноста од неисполнетите ветувања за грантови на невработените лица во износ од 10 000 евра, враќање на иселените 600 000 млади лица и отварање на нови работни места.

ВМРО-ДПМНЕ ја намали невработеноста од 36% на 22.9% и никој неможе да го сокрие овој резултат со одвлекување на внимание на граѓаните. Напорно работевме, во рамките на законот и отворивме над 170 000 нови работни места.

 

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …