недела , 22 октомври 2017
tonijakimovski

Екс шефот на кабинет на Мијалков Тони Јакимовски разрешен од СЕЛЕК

Тони Јакимовски,  второобвинет во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска е разрешен од функцијата директор на СЕЛЕК – регионалната мрежа за борба против криминалот со седиште во Букурешт, потврдуваат од МВР.

Советот на СЕЛЕК едногласно со 11 гласа го разрешил Јакимовски од директорската позицијата на која беше назначен минатата година.

Помилуван и осомничен во „Тврдина“, ќе се бори со криминал во регионот

Делегација на МВР предводена од државниот секретар Магдалена Несторовска, на денешниот состанок ја образложила причината зошто Јакимовски треба да биде разрешен. Укажале дека по одлуката на Врховниот суд да му му го одземе пасошот, тој не може да присуствува на состаноците и да го води СЕЛЕК.

Тони Јакимовски, кој беше шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, е обвинет од СЈО во случајот „Тврдина“ за уништување на системите со кои нелегално се прислушувало. Тој беше предложен за директор во СЕЛЕК лично од Митко Чавков минатата година кога беше министер за внатрешни работи и покрај фактот дека против него Специјалното обвинителство отвори истрага за сериозни кривични дела.

Пред речиси два месеца СЈО бараше притвор и за Јакимовски, но Врховниот суд изрече алтернативна мерка и му ги одзеде пасошите.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …