петок , 22 септември 2017
civil sela 3

Ексклузивни фотографии од насилството врз пратеникот Села

ЦИВИЛ – Центар за слобода објави ексклузивни фотографии од крвавиот напад на Собранието и обидот за убиство на пратеници од редовите на новото парламентарно мнозинство, на 27 април. На фотографиите е групата напаѓачи на пратеникот Зиадин Села.

Според доверливи извори, едно лице кое се наоѓа на овие фотографии сè уште не е идентификувано. Постои голема сличност меѓу тоа лице и лицето на фотографијата најдолу. ЦИВИЛ ја користи и оваа прилика да ги повика институциите да ги извршат своите законски обврски и да ги приведат извршителите, организаторите и нарачателите на овој акт на тероризам.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …