вторник , 26 септември 2017
ograduvanje vlada [1600x1200]

ЕКСКЛУЗИВНО: Владата се оградува со непробоен ѕид !

ograduvanje vlada [1600x1200]
Пишува: Виктор Азманоски

РеволуционерМк од сигурни извори дознава дека Владата на Република Македонија се оградува со балистички ѕид, односно со непробоен ѕид изработен од специјален непробоен материјал. Подготовката на балистичкиот ѕид е во завршна фаза и истиот се изработува во прилепската фабрика „11.Октомври – Еурокомпозит”.

Анонимни извори од фабриката потврдија дека за потребите на Владата во „11.Октомври – Еурокомпозит” се изработува материјал кој е огноотпорен и непробоен на одреден калибар муниција. Освен непробојниот ѕид, во прилепската фабрика се подготвува и непробојна купола, која исто така се изработува за потребите на објектот сместен на „Илинденска“ бр.2.

neproboen zid 1 [1600x1200]

Со намера да ја потврди или демантира информацијата, РеволуционерМК го контактираше директорот на „11.Октомври – Еурокомпозит” Марјан Додовски. Од причини што станува збор за класифицирана информација, директорот Додовски не можеше да даде конкретен одговор дали во прилепската фабрика се произведува материјал за безбедносно фасадно оградување на Владата на РМ.

Во насока на појаснување на целта и начинот на кој се изработува балистичкиот ѕид, побаравме стручно мислење од познавачите на оваа проблематика.

„Балистичкиот ѕид се изработува од специјално наменет материјал кој се пресува. Во зависност од степенот на балистичка заштита (III, IIIa или IV), најчесто се користи арамид, теијин и херакорн. Така припремениот материјал се лепи врз соодветни таканаречени „систем материјали“ и керамички плочки (SIC, AIC), со што се создава балистички ѕид, или целина која е огноотпорна и непробојна до одреден калибар и вид на муниција“, појаснуваат експертите.

neproboen zid 1 [1600x1200]

Минатата година јавноста шпекулираше со информацијата дека прилепски „11.Октомври – Еурокомпозит” изработува балистички ѕид кој требало да биди вграден во новата зграда на ВМРО ДПМНЕ, меѓутоа информацијата никогаш не беше потврдена.

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …