сабота , 21 октомври 2017
mh370-540x320

Експерти ја почнуваат истрагата за најдениот дел од авионско крило кај островот Реунион

mh370-540x320Австралискиот заменик премиер, Ворен Трас изјави дека до крајот на оваа недела, би можело да се открие мистеријата околу исчезнувањето на авионот „Боинг 777„ од летот МХ 370, на компанијата „Малезија ерлајнс“ кој во март минатата година, исчезна без трага, набргу по полетувањето.

Вкупно 239 патници и членови на екипажот беа во авионот, што полета од Куала Лумпур за Пекинг.Се верува дека малезискиот „Боинг„ се урнал во море, иако засега нема никакви траги дека тоа се случило и покрај обемната потрага по леталото, во која учествуваа повеќе земји од реонот на Индискиот Океан.

Изјавата на Трас доаѓа пред почетокот на формалната истрага на експерти од неколку земји, како и од компанијата „Боинг„ закажана за денеска попладне во францускиот град Тулуз, кои детално ќе го истражуваат најдениот дел од авионското крило, што морето го исфрли минатата недела, кај францускиот остров Реунион.

Во експертската група има стручни лица од Франција, Австралија, Малезија и Кина, земјата од каде се најголемиот број од жртвите во авионот.

Засега се знае дека делот што се појави од Индискиот Океан, потекнува од крило на „Боинг 777„ но авионот на летот МХ 370 и понатаму се води како исчезнат.

Австралиските и другите експерти сега настојуваат да утврдат, дали делот од крилото потекнува од исчезнатиот малезиски авион, па ако е од него, тогаш дали преку тој остаток од авион, би можело да се изведе заклучок за тоа што, всусшност, се случило со летот МХ 370.

Експертите веруваат дека најдениот дел од крилото има „големо значење„ за истрагата, објаснувајќи дека секоја авионска компанија ги бојадисува своите авиони на посебен начин.

Тоа треба да помогне за да се утврди идентитетот на делот од авионското крило и неговата евентуалниа поврзаност со малезискиот „Боинг„.

Аналитичарите посочуваат дека нема никакви сознанија дека друг „Боинг777„ се урнал во Индискиот Океан или во реонот на островот Реунион, но се занимаваат и со виталното прашање- што го предизвикало паѓањето на леталото. Американски безбедносни експерти веќе навестија дека можеби авионот е намерно одведен надвор од неговата редовна траса, а потоа урнат во морето.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …