вторник , 26 септември 2017
LG-V10-540x320

Ел-Џи В10 смартфон со два екрани и две предни камери

LG-V10-540x320
Јужнокорејската компанија „Ел-Џи“ го претстави смартфонот В10, што претставува алтернатива за моделот Г4, со два екрани и две предни камери.

Главниот екран е 5,7 инчен ОПС со резолуција 1.600х1.040, што се наоѓа на врвот на уредот и прикажува кратенки и нотификации.

Како и Ел-Џи Г4, така и В10 поседува Квалком Снапдрагон 808 процесор, задна камера од 16 мегапиксели и батерија од 3.000 мили Ампер часа.

Двојната предна камера од 5 мегапиксели овозможува правење селфи фотографии со широк агол, како и групни фотографии под агол од 120 степени.

Димензиите на В10 се 159,6х79,3х8,6 милиметри, а неговата тежина изнесува 192 грама. Смартфонот е достапен во Спејс црна, Лукс бела, Модерна сива, Океан сина и Опал сина боја.

Засега не е познато кога Ел-Џи В10 ќе се појави на европскиот пазар и по која цена.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …