среда , 23 август 2017
169450

ЕП Б-дивизија: Македонија против домаќинот Романија во третиот натпревар од групната фаза

Денеска на меѓународната спортска сцена активна е и Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години. Против домаќинот Романија го играат третиот натпревар на ЕП Б-дивизија.

Нашите млади кошаркари на претходните два натпревари остварија половичен успех. На првата пресметка против Албанија забележаа драматична победа, остварена по продолжение со 62-54. Потоа следуваше дебакл против Грузија, во кој целосно потфрлија и загубија убедливо со 78-48.

Денеска од 17.30 часот ќе излезат на мегдан со силната селекција на Романија, која има максимален ефект, две победи од два натпревари, против Грузија и Малта. Домаќинот е фавориот на овој дуел, но Македонија ќе фрли се на една карта бидејќи нема што да загуби. Јасно е дека шансите за прогрес се мали, бидејќи првите две селекции од групата одат понатаму. Останува да одиграат најдобро што умееат пред последната пресметка со отпишаната Малта.

Слични написи

nejmar-e1503490167241

Барселона го тужи Нејмар за 8,5 милиони евра

Откако го продаде на Пари Сен-Жермен за рекордни 222 милиони евра, Барселона покрена судска тужба …