вторник , 26 септември 2017
erdoganprst

Ердоган ја предупреди Русија да не го расипува пријателството со Турција

erdoganprstТурскиот претседател Реџеп Таип Едоган ја предупреди денеска Русија дека ќе загуби многу, доколку го расипе пријателството со Анкара и нагласи дека Турција нема да седи со скрстени раце ако и натаму руски борбени авиони го нарушуваат нејзиниот воздушен простор.

– Нападите врз Турција значат напади врз НАТО, рече Ердоган на заедничка прес-конференција во Брисел со белгискиот премиер.

– Нашите добри односи со Русија се познати. Но доколку Русија загуби пријател како Туција, со кого ќе соработува за многу прашања, таа ќе загуби многу и треба да биде свесна за тоа, нагласи турскиот претседател.

 

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …