понеделник , 21 август 2017
erdogan-zz

Ердоган ќе им суди на ЦИА и лидер на Конгресот

Турција започна истрага за 17 американски политичари, бирократи и академици околу обидот за државен удар во текот на минатата година. Меѓу оние што се обвинети,се и поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан и лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер. Тие се обвинети за соработка со турските групи на отпор за да го соборат претседателот Ердоган.

Исто така обвинет е и Прит Барара,   адвокат од Њујорк  и Хенри Барки, директор на Програмата за Блискиот Исток на Вилсон Центарот.

Канцеларијата на Јавниот обвинител во Истанбул планира да го испита влегувањето на овие  поединци во Турција,како и  нивните средби и врски со  турскиот  иселеник Фетулах Ѓулен.

Во  изјава за весникот „Индепендент“ Барки изјавил дека со Ѓулен немал контакт со години и дека истрагата на турските власти има за цел да се разбуди антизападното расположение во Турција и да се посочат САД како одговорни за сите случувања во земјата

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …