вторник , 26 септември 2017
erdoganprst

Ердоган побара од Русија укинување на трговските санкции кон Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска побара од Русија да ги укине трговските санкции за Анкара, со цел конечно да се нормализираат билатералните односи.

– Ако сакаме да постигнеме трговска размена во висина од 100 милијарди долари, ние под итно и целосно треба да ги надминеме сите ограничувања, посочи Ердоган пред да полета за Сочи, каде ќе се сретне со рускиот колега Владимир Путин.

Ердоган соработката со Русија за Сирија ја оцени како ефикасна.

– Со Русија презедовме многу чекори за решавање на сириската криза. Имаме ефикасна соработка и заеднички цели, нагласи Ердоган.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …