петок , 22 септември 2017
erikson

Ериксон: Не сме сопственици на опремата на УБК, ниту пак оперираме со неа

Ериксон потврдува дека на 19-ти октомври 2016 година доби барање од Специјјалното Јавно Обвинителство (СЈО), по судска наредба од Основниот суд Скопје 1 во Скопје, за техничка асистенција заради истрага и во врска со функционалноста на Законското Пресретнување на комуникации. За понатамошни информации поврзани со оваа истрага, Ериксон Ве упатува на Специјалното Јавно Обвинителство за овој случај.

Законското пресретнување на комуникации е задолжителна и стандардна функциоланост во мрежите на јавната телефонија и телеком операторите и земјите во светот се обврзани да овозможат таква функционалност за локалните власти. Ериксон, како производител на телефонски системи и опрема, исто така, е производител на Системи за Законско Пресретнување.

Ериксон не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за Законско Пресретнување на комуникациите.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …