петок , 22 септември 2017
hemin

Ернест Хемингвеј бил советски шпион

Американскиот писател Ернест Хемингвеј водел таен живот како советски шпион, тврди авторот на неговата нова биографија.
Поранешниот агент на ЦИА, Николас Рејнолдс, објавил книга со наслов „Писател, морнар, војник, шпион“: Тајните авантури на Ернест Хемингвеј, 1935 – 1961“, во која тврди дека дошол до тајни документи прокриумчарени од Москва, кои се доказ дека авторот, добитник на Пулицерова и на Нобелова награда, во 1940 година бил регрутиран во НКВД – служба што претходела на КГБ.

Според документите, Хемингвеј го добил кодното име „Арго“ и сакал да соработува со Сталин. Со луѓе од Советскиот Сојуз се состанувал на локации надвор од Америка.

– Арго не ни даде никакви политички информации, иако повеќепати изрази желба да ни помогне – наводно стоело во советските документи.

Рејнолдс изјавил дека почувствувал „физичка болка“ кога ги видел деталите од документите кои Хемингвеј го поврзувале со Сталин и дека навистина му било тешко да го разбере тоа дека писателот имал каква било врска со советските сили.

– Неговата соработка со Советскиот Сојуз влијаела врз многу одлуки што тој ги донел во последните 15 години од неговиот живот. Низа случувања довеле до неговото самоубиство во 1961 година. Многу драми се одвивале во неговата глава, тој сè си преувеличувал – посочил Николас Рејнолдс.

Според официјалните информации, кога Ернест Хемингвеј почувствувал дека здравјето му се влошува и не може да живее живот каков што сака, извршил самоубиство со ловечка пушка во 1961 година.

 

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …