понеделник , 25 септември 2017
baner zaev

ЕРУСАЛИМ ПОСТ: Бестрашен во Ерусалим

Надежните разговори на македонскиот премиер за слободата и љубовта на Израел

baner zaev

Посетата во Израел на лидерот на најголемата опозициона партија во Македонија, Зоран Заев се најде на најчитаниот израелски весни “Ерусалим пост“, кој што важи за еден од четирите весници кои што секое утро се наоѓаат на бирото на претседателот на САД.

Во продолжение текстот од Ерусалим пост:

“За христијански политичар од континентална земја со големина на Вермонт, библиската земја на чудата нуди примамлива надеж дека со израелска помош, неговата балканска држава ќе се искачи до пиедесталот на светската сцена, слично како што се случи и со еврејската држава.

Терористичкиот бран кој ја зафати државата не го одврати македонскиот лидер на опозицијата, Зоран Заев, да го посети Израел, за првпат оваа недела и тоа пред изборите во април во неговата земја.
Во понеделникот, кога пазарот Махане Јехуда во Ерусалим кој е обично раздвижен, беше релативно празен, Заев пристигна за време на ручекот и дури стоеше малку надвор за да испуши цигара.

„Голема чест за мене е да ја започнам посетата во овој свет град“, рече Заев кој штотуку го имаше посетено претседателот Реувен Ривлин, а се надеваше дека ќе го може да го посети и гробот на Исус во Црквата на Светиот гроб пред да замине од Ерусалим.

Претпоставувал, рече, дека „не е лесно да се биде жител на Израел“ кој се соочува со можноста од терористички напади секојдневно. Во градот погоден од насилство, говореше енергично за слободата, правдата и мирната промена на режимот.

Во Македонија, 41-годишниот политичар ги предизвика претстојните избори и создаде големо протестно движење откривајќи дека Владата прислушкувала околу 20.000 граѓани  во период подолг од четири години.
Актуелната Влада, рече тој, го контролира судството и има лоши резултати во областа на транспарентноста, слободата на говорот и политичката слобода. „Некои лидери од помалите опозициски партии се сѐ уште во затвор“, рече Заев.

Успехот на нивните протести и претстојните избори „испратија порака до светот дека без насилство, без жртви, без крвопролевање, возможно е да се смени режимот“, рече тој.

„Се обидуваме да ја вратиме слободата и демократијата во нашата држава“, рече Заев.

И покрај тоа што ја предводи опозицијата, тој е и градоначалник на Струмица и кандидат кој ќе го замени премиерот Никола Груевски. Ако победи, рече, првата работа што ќе ја направи е тоа што ќе ја отвори државата „на многу транспаретнтен начин“.

Zaev erusalim
Неговата следна задача е да ја запре емиграцијата на младите Македонци со тоа што ќе ги подобри економските можности. За да ја постигне оваа цел, мора да се прошират економските можности и тоа во два чекори, рече тој.

Првиот е да се приклучат на Европската унија и НАТО. Модерната Република Македонија, која претходно беше дел од Југославија, се осамостои во 1991 година.

Две години подоцна, стана членка на Обединетите нации, но треба уште  за да се зачлени и во двете меѓународни организации.
Вториот чекор, рече Заев, е да „се зајакнат пријателствата со земјите кои се важни за нас, како што е Израел“.

Израел и Македонија веќе имаат силни врски. Оваа година прославуваат 20 години од дипломатските односи.

Македонија има подобри резултати од повеќето европски држави во ОН, каде често се воздржува од важни гласови отколку да се приклучи на мнозинството кои гласаат против Израел.

Помеѓу актвните кооперативни потфати на двете земји е наводнувањето со системот „капка по капка“ кое Македонија го користи во производството на храна. Израел, исто така, ги обучува македонските пилоти на хеликоптери и им помага со технолошки алати за гранична одбрана.
Заев рече дека трговските врски може да бидат уште подобри, па затоа неговиот фокус е насочен кон економијата, а не на геополитиката или терорирзмот. Тој сака да научи како да го пренесе израелското чудо во неговата држава од два милиона жители чиешто население стагнира повеќе од една деценија.

„Ние сме мала држава, а Израел е наш добар пријател. Имаме многу да разговараме во врска со подобрувањето на идната соработка помеѓу нашите граѓани“, рече Заев.

Македонија може да има корист од израелската технолошка умешност во сајбер-безбедноста, телекомуникациите, транспортот, енергијата, земјоделството и особено во управувањето со водите, рече тој.
Во принцип, рече Заев, Израел е добар во искористувањето на сопствените ресурси. Неговата држава има многу ресурси, но не се добро искористени. „Имаме многу вода, но не знаеме како квалитетно да ја искористиме“.

Нивната желба да го подобрат капацитеот во сите овие сектори, овозможува добри можности за инвестирање на израелските бизнисмени, рече Заев.

Македонија се граничи со Косово, Србија и Бугарија, како и со две земји-членки на ЕУ, Грција и Албанија, па затоа има добра положба за трговија. Штом ќе стане земја-членка на ЕУ, израелските инвеститори, исто така, ќе имаат корист од растечките економски можности кои неговата држава ќе ги нуди.

Двете општества, исто така, се поврзани, бидејќи се мултиетнички, рече Заев. Евреите имаат долга историја поврзана со неговата држава која датира од времето на Вториот храм. Пред Втората светска војна, во областа која сега е под македонска власт, живееле околу 12.000 Евреи, од кои 7.144 биле убиени во Холокаустот.
Повеќето од преживеаните емигрирале.
Сега во Македонија живеат околу 250 Евреи.

За Евреите во неговата држава, Заев зборуваше во позитивна конотација оквалификувајќи ги со „истакнато општество“ и „добри граѓани“.
Македонија има споменик на Холокаустот во главниот град Скопје.

Четвртитот најголем музеј на Холокаустот во светот се наоѓа веднаш до Министерството за надворепни работи во Македонија. Присуството на Музејот во главниот град е многу симболично и испраќа порака „дека ова повторно нема да се случи никаде во светот“, рече Заев.

Превод од англиски на македонски: Кристина Пеповска

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …