среда , 26 јули 2017
cof

Еснафот се собра на ифтар на плоштадот “Скендербег”

Вечерва на плоштадот “Скендербег” еснафот ги почести своите пријатели со ифтар по повод рамазанските пости.

На ифтарот присуствуваа голем број на занаетчии, дуќанџии од старата скопска чаршија, теолози, професори, дел од бизнис заедницата, нивната екселенција, амбасадорите на Израел и Турција, дел од Владата и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.

По завршувањето на ифтарот пред присутните се обрати Бејтула Морина, претседател на здружението “ЕСНАФ”, кое е едно од најстарите здруженија во државата.

“Најпрво ќе го помолам севишниот Алах да ги слушне нашите молитви во овој свет месец за милост, мир и благосостојба. Ви благодарам за присуството и се надевам дека во следниот период ќе се врти вистинскиот сјај на страта скопска чаршија, ќе се врати школото кое што занаетџиите го пренесуваа од генерација на генерација. ” рече Морена пред гостите на вечерашниот ифтар.

cof

Како и на секоја манифестација така и на овој ифтар политичарите беа неизбежен дел. Вицепремиерот Бујар Османи, министерите без ресор Аднан Ќахил и Зоран Шапуриќ и градоначалникот на општина Чаир, Меџити ги почестија домаќините со своето присуство.

“Ќе се придружам на молитвата за милост на претседателот на ЕСНАФ, Морина и ви посакувам пријатна вечер. Особено задоволство ми е тоа што вечерва се собравме токму на овој плоштад каде што се поврзуваат религијата и нацијата. Сакам да ве уверам дека ДУИ како дел од оваа владина коалиција ќе ги поддржува сите проекти на еснафите, ќе сториме се што е потребно за враќање на сјајот на старата чаршија.” рече градоначалникот на општина Чаир пред присутните.

Денес е 27 ден од рамазанските пости.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …