вторник , 26 септември 2017
begalcitraekt

ЕУ и Турција договорија акциски план за мигранти

begalcitraektЛидерите на ЕУ одобрија акциски план за да на Турција и се помогне да го сузбие приливот на имигранти, а за возврат ќе добие отстапки од Брисел, вклучително полесно добивање визи.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече по самитот на лидерите на 28-те земји дека Турција мора да ги исполни своите обврски, бидејќи „акцискиот план има смисла само ако се сузбие приливот на бегалци“.

Шефот на ЕК Жан-Клод Јункер рече дека лидерите на ЕУ се согласиле да ја забрзаат работата за полесно добивање визи за државјаните на Турција, но во исто време нагласувајќи дека ЕУ нема да прави компромиси околу своите стандарди.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави по состанокот на лидерите на ЕУ, дека Унијата разгледува финансиска помош за Турција од околу три милијарди евра, за да и помогне да ги задржи сириските бегалци на свое тло и да ги одврати од заминување во Европа.

Таа додаде дека лидерите се договориле да го ревитализираат процесот за прием на Турција во ЕУ и да отворат нови поглавја во преговорите, но без одлука за тоа кое поглавје ќе биде тоа.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …