недела , 22 октомври 2017
1-2-1-777x437

ЕУ ќе финансира проект за управување со отпад на македонскиот исток

Со поддршка на ЕУ ќе се спроведува проект за управувањето со отпад во источниот и североисточниот регион. Проектот “Подготовка на проектните студии (FSs, EIAs, CBAs) е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а главна цел е да се создадат предуслови за  инвестиција поддржана од ЕУ во локалната и регионалната инфраструктура, неопходна за управување со отпадот на начин кој е еколошки и компатибилен со современиот начин за одлагање на отпадот во ЕУ.

Во времетраењето на проектот од 18 месеци, се подготвија серија студии и технички документи за меѓурегионален систем за управување со отпад, вклучувајќи и физибилити студија со анализа на трошоци и придобивки, студија за оцена на влијанието врз животната средина и главните изведбени проекти со тендерска документација.

Европската унија обезбеди 975.000 евра за техничка поддршка за воспоставувањето на интегриран и самоодржлив систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион.

За новиот систем, за 18 општини од источниот и североисточниот регион е предвидена инвестиција од 27 милиони евра која ќе ги подобри и модернизира услугите за управување со отпад на  370.900 жители.

Проектот се спроведе од конзорциумот на компании EPTISA Servicios de Ingenieria S.L. (Шпанија) и ЕПЕМ С.А. (Грција), како и меѓуопштинските одбори за управување со отпад и општините од двата региона.

Според заменик министерот за животна средина Јани  Макрадули, со правилно одлагање на отпадот како во земјите од ЕУ, ќе се генерираат зелени работни места и ќе се рециклираат и реупотребат веќе искористените добра а воедно ќе се добие и можност за производство на енергија од одложениот отпад.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …