сабота , 23 септември 2017
evropska-unija-zastava-foto-01-reuter_f

ЕУ ќе испрати 300 погранични полицајци како помош на Грција и Италија

evropska-unija-zastava-foto-01-reuter_fЕвропската агенција за управување со надворешните граници, Фронтекс, ќе добие на свое располагање 291 гранични полицајци, испратени од 19 земји на Европската унија, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на прес-службата на агенцијата.

Полицајците ќе бидат испратени во центрите за регистрација на мигранти во Грција и Италија за да помагаат во идентификацијата и регистрацијата на новопристигнатите мигранти.

Агенција Фронтекс потсетува дека овој месец побарала од ЕУ 775 дополнителни соработници. Директорот на Фронтекс Фабрис Леџери изјави дека Агенцијата првпат има потреба од таква бројна поддршка, и ги повика земјите-членки на ЕУ да продолжат да испраќаат свои претставници, без оглед што планираните рокови веќе се истечени.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …