среда , 18 октомври 2017
eu-ek-eu

ЕУ свика итен состанок за мигрантската криза

eu-ek-eu
Европската унија (ЕУ) свика итен состанок на кој земјите-членки на унијата ќе разговараат околу ескалацијата на мигрантската криза, јавува „Би-Би-Си“.

Според информациите, претседателството на ЕУ ги повика министрите за внатрешни работи на сите 28 земји-членки да одржат вонреден состанок на 14 септември, бидејќи, како што се наведува во изјавата на ЕУ, кризата достигнала „невидени размери“.

„Ситуацијата со миграцијата надвор и во границите на Европската унија од неодамна доби невидени размери“, се вели во изјавата.

Одлуката за вонреден состанок, што вчера ја објави Луксембург, земјата што актуелно претседава со Европската унија, следи откако стотици бегалци се удавија во Средоземно Море, обидувајќи се да стигнат до Европа, а околу 70 лица беа најдени мртви во приколка од камион во Австрија, како и по големиот наплив на мигранти што се движат по т.н. балканска рута.

Според извештаите на Европската агенција „Фронтекс“, минатиот месец на границите на ЕУ пристигнале повеќе од 100.000 мигранти.

Од Обединетите нации истакнуваат дека конфликтот во Сирија е главниот фактор на кој се должи зголемувањето на бројот на бегалци и на мигранти./МЕТА

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …